Општина Прилеп почна да ги продава парцелите во градот на кои ќе се градат колективни станбени згради. Становите што ќе се изградат градот ќе ги понуди за владиниот проект Купи куќа, купи станн. На последното електронско наддавање се продадени две парцели во населбата Ѓогдерее. Поголемата, од 2.449 квадратни метри, постигна цена од 4.080 денари за квадрат, а на неа е предвидено да се изгради деветкатница со приземје и потпокрив со стотина станови. На парцелата од 60 квадратни метри која се продаде за 240 евра за квадрат предвидено е да се гради деловен простор. Откако ќе се уплатат парите од продажбата на двете парцели, во буџетот на општина Прилеп треба да се слеат околу 10 милиони и 890 илјади денари.
Општина Прилеп почна да ги продава парцелите во градот на кои ќе се градат колективни станбени згради.
Становите што ќе се изградат градот ќе ги понуди за владиниот проект Купи куќа, купи станн.
На последното електронско наддавање се продадени две парцели во населбата Ѓогдерее. Поголемата, од 2.449 квадратни метри, постигна цена од 4.080 денари за квадрат, а на неа е предвидено да се изгради деветкатница со приземје и потпокрив со стотина станови. На парцелата од 60 квадратни метри која се продаде за 240 евра за квадрат предвидено е да се гради деловен простор.
Откако ќе се уплатат парите од продажбата на двете парцели, во буџетот на општина Прилеп треба да се слеат околу 10 милиони и 890 илјади денари.
Во рок од 15 дена новиот сопственик на парцелата треба да ги уплати парите, во рок од 6 месеци да го подготви проектот за градба, да набави градежна дозвола и да ги плати комуналиите. Зградата треба да биде готова најдоцна за шест години.
Прилепската локална самоуправа ќе понуди уште неколку парцели за изградба на станови за владиниот проект Купи куќа, купи станн. Меѓу нив се и околу 400 парцели во идната елитна населба Градина во близина на касарната Мирче Ацевв.
За неполн месец ова е трето електронско наддавање за продажба на градежни парцели во Прилеп. При претходните две се продадени 16 од 21 понудени за стопански капацитети кај фабриката Металец, односно индустриската зона сега наречена Прилеп 11.